Association of general practice/family medicine of South-East Europe AGP/FM SEE

Events

Zapisnik od godisnoto sobranie na Asocijacijata vo Skopje

From: 10 January 2013 To: 13 January 2013

Macedonia

                                      З  А  П  И  С  Н  И  К

 

Од Годишното Собрание на Асоцијацијата во Скопје во период од 10 – 13.01.2013 г

 

 

ДНЕВЕН РЕД:

 

1. Специјализацијата по семејна медицина и доедукацијата во земјите цленки на Асоцијацијата – Претседателите на здруженијата

2. Извештај во врска со припремите за Третата Конференција на Асоцијацијата во Белград од 11 – 14.04.2013 г.-Д-р Мирјана Мојковиќ

3. Извештај во врска со одржувањето и припремата на Третиот Конгрес на Асоцијацијата во Сараево 2014 г.и предлог теми за истиот – Д-р Милан Миоковиќ и Д-р Азијада Беганлиќ

4. Поднесување на финансиски извештај на Асоцијацијата за 2012 г.-Д-р Љубин Шукриев

5. Работата на Асоцијацијата во 2012 г.и активности во 2013 год.-Д-р Љубин Шукриев

6. Активности на здруженијата за 2013 г.-Претседателите на здруженијата

7. Презентација на ажурираната њеб страна на Асоцијацијата-Дарко Аницин

8. Членарина на Асоцијацијата за 2013 г.-Д-р Љубин Шукриев

9. Активности на Катедрите по семејна медицина за 2013 г.и план на координација-Д-р Бисерка Бергман-Марковиќ

10. Водење на Студијата “Насилство врз лекарите од страна на пациентите”и претставување на истата на Конгресот во сарево 2014 г.-Д-р Ксенија Тушек-Булц

11. Размислувања и предлози за водење на проекти на ниво на Асоцијацијата т.ј.Југоисточна Европе-Д-р Сузана Станковиќ и Д-р Катарина Ставриќ

12. Разно

 

 

Претставниците т.ј.гостите почнаа да пристигаат во четвртокот.Пристигнаа преставниците од Р.Српска,ФБиХ,Словенија,Романија,Турција,Србија и Хрватска.Делегацијата од Бугарска пристигна во петокот навечер,поради работните обврски кои ги имале во петокот.Преставниците од Црна Гора поради болест го откажаа доаганјето а преставниците од Албанија се јавија дека доагат во петок.Но,добивме мејл дека поради дефект на колата на пат за Скопје не можеле да дојдат.

 

По пристигнувањето на преставниците од сите земји како и земјата домакин македонија,освен делегацијата од Бугарија,вечерта е направена прошетка во центарот на градот.Се поминаа пријатни заеднички моменти,а градот во тие празнични моменти ,украсен за Новогодичните и Божиќните празници,блисташе во својот полн сјај.Гостите беа одушевени од она што го видоа.Времето беше ладно,но сите ние како и да не го цувствуваме времето.Бевме фокусирани на се она што ни престои овие денови,на нашите обврски,работни задачи,разменување на искуства и мислења а секако и на нашето дружење..Во тие заеднички моменти на сите нас ни беше убаво.Дружењето таа вечер го завршивме со заедничка вечера каде во релаксирана атмосфера го продолживме нашиот разговор.

 

 

Т. – 1          Утредента,петок 11.01.2013 г.беше закажана Округла маса под покровителство на Деканатот на Медицинскиот факултет во амфитеатарот на Деканатот.

Тема:”Специјализацијата по семејна медицина и доедукацијата”

 

На Округлата маса беа присутни преставници од Деканатот на М.Ф.Скопје,МЗ,

ФЗО,ЛК,МЛД,СЗО Канцеларија во Скопје,шефовите на поедини катедри на М.Ф.Скопје,преставници од катедрата по семејна медицина на М.Ф.Скопје,преставници од ЗЛОМ-СМ као и студенти на Медицинскиот факултет шеста година..

Присутните ги поздрави Претседателот на Асоцијацијата на Југоисточна Европа Прим.д-р Љубин Шукриев а потоа даде збор на Продеканот за меѓународна соработка на М.Ф.Скопје,Проф.д-р Даниела Миладинова.На крај присутните ги поздрави д-р катарина Ставриќ,Координатор на Катедрата по семејна медицина во Скопје.Потоа преставниците од 8 земји ја преставија специјализацијата по семејна медицина и доедукацијата секој за својата земја.Прва беше,

 

1. Д-р Азијада Беганлиќ-ФБиХ

 

Д-р Азијада истакна дека кај нив специјализацијата почнала 1999 г.Воведени се едукативни центри во Сараево,Тузла-1998,Мостар и Зеница.Постоји линк веза помеѓу центрите како и врска со Квин Универзитетот во Канада.

Се полага завршен испит и истиот трае 6 часа.Додатната едукација почнала 2002 г.Имат Академски денови,а 2105 луѓе ја завршиле доедукацијата од кои 661 лекар и 1444 сестри

 

2. Д-р Кармен Буснеаг – Романија

 

Истакна дека специјализацијата по семјена медицина во Романија почнала 1990 г.Имат 11.400 лекари по семејна медицина.Здржението по семејна медицина е член на Европска Вонка.

 

3. Д-р Бисерка Бергман-Марковиќ

 

Во Хрватска има 4 Медицинска факултетаЧЗагреб,Осијек,Риека,Сплит.Програмата  за специјализација по СМ е иста на Загребачкиот и факултетот во Риека.Во Хрватска има 2557 лекара од кои 42% су специјалисти по СМ.Околу 92% од населението е осигурано а 8% неосигурано.Еднаш годишно се бира избран лекар без да се наведе причината.А ако се бира избраниот лекар порано,тогаш се наведува и причината.На едне лекар доаѓа по 1700 пациенти.Од вкупниот број на лекари 76,1% се концесионери а 23,9% работат во Здравствените домови.Постои лоша поврзаност помеѓу нив.Концесионерите поред капитација ,платени се и по цена на услуга како и по извршени превентивни услуги.Додека лекарите во Здравствените домови добиват само плата.

Студентите по медицина имат 6 нед.на катедрата по СМ.

Специјализацијата по СМ започнала 1961 г.Но,12 г.биле без специјализација по СМ од политички причини.Специјализацијата е поделена : – 4м.последипломска работа, – 18 м.болничка работа и – 22 м.работа со ментор-главен ментор и –коментор кој го именува здравствениот центар

(Портфолио,тест,ОСЦЕ,орал егзам.)

Не може да оди на испит ако нема портфолио.

Она што е најважно е да има добра мрежа на ментори.Пола време работи со менторот а пола со коменторот.Ментор може да биде ако има повеќе од 5 год.специјалистички стаж.

 

4. Д-р Ружица Никиќ – Република Српска

 

Здружението на семејните лекари е формирано 1990 г.рече др.Ружица.Истото брои 650 члена и да има 500 специјалисти по СМ.Едукативниот тим се состои од 1 лекар и 2 мед.сестри.Имат две катедри по СМ:Бања Лука и Фоча-во Источно Сараево.Завршниот испит се полага пред тричлена комисија именувана од страна на МЗ.

 

5. Д-р Снежана Јанковиќ – Србија

 

Во Србија има 4 Медицинска факултета-Белград,Крагуевац,Ниш и Нови Сад истакна д-р Снежана.Специјализација по ОМ воведена  е 1963 г.но,немаме наш наставен кадар.На катедрата работиме како соработници поради ентузијазмот,но,не подмладени.Катедрата е формирана 1979 г.Од 2012 г.има нов програм за специјализација и истата трае 4 г.Практичниот дел не се спроведува секогаш уз работа со менторот.Имаме проблем со ФЗО и МЗ за спроведување на специјализацијата по СМ онака како треба..Но,имаме добра развиена мрежа на ментори.Немаме Катедра за додипломска настава.

Очекуваме да се распише конкурс на кој ќе можеме да конкурираме за наставен кадар на факултетот.Завршниот испит е пред комисија од 6 членаЧхирург,гинеколог,интернист,социјална медицина,превентива и општи лекар.

Во Србија почна и процесот на лиценцирање кој го покрена процесот и на едукација истакна д-р Снежана Јанковиќ.

 

6. Д-р Примож Рус – Словенија

 

До 1999 г.специјализацијата по СМ траеше 3 г.а после тоа 4 г.истакна на почетокот д-р Примож.Имаме три ментора:1.главен-академски,2.ментор и 3.коментор

Сакаме да изградиме партнерски однос помеќу докторот и пациентот и обратно.Имамо потешкотија со мотивацијата на малдите доктори да специјализират СМ.Дипломираниот доктор во Словенија мора да е член на ЛК за да може да специјализира,а самостално може да работи после завршувањето на специјализацијата по СМ.

Секој кандидат треба да направи родословно дрво за пациентот и да се поврзе и со другите служби пр.социјалната служба.И секој специјализант треба да направи и проект.

Ново е тоа што и специјализантите и студентите стално го евалуират нашиот курикулум,а и студенти и специјализанти стално се евалуирани од менторот.

Каде се нашите патишта?-Патот треба да го најдеме заеднички.А тоа е:

1. да комуницираме со пациентот

2. да комуницираме помеќу себе

3. да не се оптеретуваме повеќе отколку што е потребно

4. да го пронајдеме нашето место во системот на здравственото осигурување

 

7. Д-р Мумтаз Мазициоглу – Турција

Тахуд формиран е 1990 г.а првиот центар по СМ орворен 1990 г.Едукацијата почнува 2004 г.Првиот пилот центар е 0д 1994(Анкара,Бурса,Адана,Измир).Првиот Национален Конгрес е 1993 г.Весникот по СМ излезен 1997 г.а Денови по ЦМ медицина во Турција од 2001 г.Во 2009 г.во 35 града-с06554 ФМ,јануари 2011 во 81 град со 20220 ФП,2023-1ФП на 2000 жители,46600 ФП.

 

 

8. Д-р Катарина Ставриќ – Македонија

 

Специјализацијата по општа медицина кај нас почна 1972 г.истакна д-р Катарина.Во 2004 г.е воведена специјализација по ПЗЗ а 2010 г.специјализација по СМ.Проектот,финансиран од Светска банка започна уште 1999г.Беа направени два проекта-за КМЕ и за специјализација по СМ.Во 2007 г.е донесена Здравствена стратегија и до 2020 г.ние во македонија треба да го створиме профилот на семејниот лекар.

Специзјализацијата трае 3 г.со идеја да прерасне на 4 г.

Во 2012 г.е донесен новиот Правилник за специјализација.Истата година во месец Ноември,владата ја усвои иницијативата на предлог на ФЗО,да ја подржува СМ.

Немаме наставен кадар по СМ.Вклучени се лекари како едукатори кои уште 2000 г.

Ја завршија едукацијата по СМ.

На завршниот испит еден член во комисијата е професор од Љубљана поради евалуација на специјалистичкиот испит.

 

По завршувањето на Округлиот стол организиран е заеднички ручек заједно со Деканот на М.Ф.во Скопје Проф.д-р Никола Јанкуловски и Продеканот за меѓународна соработка Проф.д-р Даниела Миладинова.Декан и Продекан во време од 2 часа се дружеа со сите преставници на земјите членки на Асоцијацијата со кои се разменуваа искуства и мислења во врска со специјализацијата по СМ во нивните земји а се интересираа и за процесот на едукација во нивните земји.По ручекот гостите имаа слободно попладне и можеа по сопствен избор да го разгледат градот и да направат шопинг како би понеле скромни подароци од Скопје.Вечерта околу 20 часот дојде делегацијата од Бугарија со Претседателот на здружението д-р Љубомир Киров кој е и потпретседател на Асоцијацијата..После испиеното кафе во хотелот истите беа однесени на вечера од Претседателот на асоцијацијата.Истата помина во пријатно и весело расположение.

 

На 12.01.2013 г.(сабота) у 10,00 часот почна работниот ден и состанок по останатите точки од дневниот ред.

 

Т.2 – Во однос на втората точка од дневниот ред говореше д-р Мирјана Мојковиќ,организатор на Третата конференција на Асоцијацијата во Белград.Таа ги запозна присутните со актуелните прашања за организацијата:

-Отварање – во 19 часот на 10.04.2013(четврток)

– Работни денови – петок,сабота и недела до 12 часот

– Затварање – 13.04.2013,недела,во 12 часот со донесување на заклучоци

– Котизација – 150 евра.Имаше коментари на висината на котизацијата.Организаторот истакна дека ако се оди под таа котизација не ќе може да ги покрие трошоците во врска со самата организација.

– Хотел “Mетропол”- 55 евра двокреветна соба со доручок и 100 евра – еднокреветна соба со доручок.Ако хотелот се пополни салите ќе бидат гратис.Во спротивно треба да се платат.Предлог-заклучоците од Конференцијата да се стават на меморандум на Асоцијацијата и да бидат испратени до институциите-МЗ,ФЗО,МФ,ЛК,ЛД,Катедрите по СМ од страна на секоја земја членка на Асоцијацијата.До 15.02.2013 год.да се испратат заклучоците до Претседателот на Асоцијацијата од секоја земја кои треба да ги обедини и стави на меморандум.

 

Д-р Сузана Станковиќ – дека ние треба да понудиме решение за популаризација на СМ во регионот.Даден е примерот со Чешка која врши популаризација меѓу своите млади лекари.

 

Д-р Христо Димитров – Да,ЕУ работи така што ги стимулира младите лекари кои одат и ја напуштат земјата а во земјата остануват да работат само старите лекари.

 

Д-р Бисерка Бергман-Марковиќ – искуството во Хрватска последните 3 г.покажа да кога студентите активно учествуват и кога се зголемат бројот на часови на работа во пракса,тогаш и проблемите се помали и помалку.Во Словенија немат проблем.Треба активно да ги запослиме студентите.Да им се даде сатница,курикулумите да се почнат порано,во првите години од студирањето и да го дигниме авторитетот на СМ.

 

Д-р Ружица Никиќ – Се е ова добро и јас се сложувам.Но,реформата е во ПЗЗ а студентите ги гледат сите аномалии.

 

Д-р Мирјана Мојковиќ  понатаму истакна дека добила список од Претседателот кој ќе биде рецензент  за трудовите кои ќе бидат испратени.Комисија за рецензија е:

Д-р Сузана Станковиќ,д-р Љиљана Кочанкова,д-р Илхами Унлуоглу,д-р Азијада Беганлиќ,д-р Маја Ракич,д-р Ксенија Тушек-Бунц,д-р Бисерка Бергман-Марковиќ,д-р Љубомир Киров,д-р кармен Буснеаг.

Трудот треба да биде на англиски или српски јазик.Се прегелдува од два рецензента независно едни од други.

Рок за испраќање е 15.02.2013 г.,а 15.03.2013 е рок за известување за прием на трудовите.

Се истакна да се испратат абстрактите и СВ оние кои не ги испратиле поради акредитација на Конференцијата.Се истакна дека секоја земја има по 90 мин.за презентација.настана полемика во врска со времето за кое се мислеше дека е многу.

Д-р Шукриев истакна дека се обратил до Секретарот на Европска Вонка за акредитацијата на Конференцијата.Одговорот е дека акредитацијата се врши во земјата каде се одржува настанот.

 

Д-р Мумтаз Мазициоглу – имам предлог да ако има исти теми од повеќе земји,тогаш таа тема да се обработи како целина од сите и после да се дискутира по истата.Исто имам предлог да се прогласта најдобри усни и постер презентации и да се доделат награди за младите доктори.

 

Д-р Илхами Унлуоглу – имам неколку прашања:

1.дали котизацијата и за младите доктори ќе биде иста

2.дали може и на лице место да се плати котизација

 

Д-р Сузана Станковиќ – Сега котизацијата е одредена и не можеме да менуваме.За следниот настан на Асоцијацијата да се стават услови за младите лекари и студенти во однос на котизацијата.

 

Д-р Примож Рус – то је добра идеја.

 

Д-р Бисерка Бергман-Марковиќ – да се стават информациите и условите на веб страната на Асоцијацијата.

 

Д-р Љубин Шукриев – ове године млади доктори и студенти да иду преко националних удружења и Катедрите по СМ.

 

Д-р Азијада Беганлиќ – да се темите стават во блок ако се исти.Така да ги поделиме во тематски целини и тоа: -финансирање,- организација,- едукација и квалитет на едукација.Секоја земја да добие по 60 мин.а после тоа да се дискутира и за секоја тематска целина да се донесе заклучок.

 

Д-р Љубомир Киров – сметам дека котизацијата од 150 евра е многу и не знам како колегите од бугарија би можеле да дојдат.Темите се интересни за нас но,не и за фармацевтските куќи.Системот во Бугарија не работи,колегите не пишуваат трудови.Тие доаѓаат за да чујат нешто интересно и дали фармацевтските куќи ќе учествуват на Конференцијата.

 

Д-р Примож Рус – и ја прихватам предлог од 60 мин.а после секоја тематска целина да има дискусија.

 

Д-р Љубомир Киров – Презентацијата да трае 15 мин.

 

Д-р Мирјана Мојковиќ – ППП т.е слајдовите  да бидат на англиски а да се збори на јазикот на земјата каде се одржува.За Турска може да биде и на англиски и на турски а да се презентира на англиски.

T.3 – Претседателот на Асоцијацијата д-р Љубин Шукриев ги информираше присутните за состанокот и разговорите што ги водеше со Претседателот на Здружението на семејните лекари на ФБиХ д-р Милан Миоковиќ и членовите на УО на здржението на 20.12.2013 г. Во сараево.На тој состанок беа дадени 4 предлози за хотели:х.Босна,х.Холидеј Ин,х.Бристол и х.Холивуд.Како х.Холивуд имаше најголеми капацитети од 300 – 350 соби и доградба до јуни месец на уште едно крило од 15 соби остана договорот да Конгресот се држи во х.Холивуд на Илиџа.Истиот има и 15 конференциски сали и два ресторана.Го разгледавме хотелот и истиот ги задоволи критериумите.До Конференцијата во Белград треба да се одреди терминот на одржување,времето,котизацијата,темите и да се направи Првото соопштение.Мотоото на Конгресот да биде:”Koи сме,што сме и која ни е иднината”.

Теми:1. Слип дисордерс

2.Преставување на студијата “Насилство врз лекарите од страна на пациентите”

3.Иднината на СМ

4.Квалитет на едукацијата и квалите на давање на здравствените услуги

5.Слободни теми

Предлог – да се одржат работилници во тек на Конгресот,да се наведат кои и да се одреди нивната сатница

 

Д-р Сузана Станковиќ – на сите земји кои ќе ја водата Студијата да им се испрати методологијата за работа на студијата и да се води студија за мобингот во здравството.Дизајнот на студијата и прашалникот го има Србија.

 

Д-р Кармен Буснеаг – истакна дека во Романија има многу Мобинг.

 

Д-р Ружица Никиќ – се прашува дали лекарите водат брига за своето здравје.Констатацијата беше дека не водат брига.

 

Д-р Примож Рус – Блед курс оваа година расправа баш за овие теми.

 

Д-р Катарина Ставриќ – треба да направиме еден прашалник кои хронични заболувања ги имаат лекарите,анонимно да се пополни и резултатите да се престават на Конгресот во Сараево.

T.4 – Финансиски извештај за Асоцијацијата за 2012 год.поднесе Претседателот на Асоцијацијата Прим.д-р Љубин Шукриев.Средствата на Асоцијацијата кои беа пренесени од 2011 г.се 66.917 евра.Со собирање на средства во 2012 г.(спонзорства,членарина…)висината на вкупните средства изнесува 73.672 евра.Од тоа се потрошени 6.903 евра за закупнина,струја,вода,телефон,канцелариски и други трошоци,услуги,материјали и опрема,книговодство и остануват 66.769 евра.На име приходи од камата добиени се 60 евра и вкупната сума е 66.828 евра.Од тоа за данок на добивка е платено 59 евра и вкупната сума која останува на сметката пренесена за 2013 г.е 66.769 евра.Така да претходната година сме ја завршиле со позитивно салдо.

После тоа Претседателот го стави финансискиот план на гласање.Истиот беше усвоен без ниеден глас против нити воздржани.

 

 

Т.5 – Претседателот даде извештај за Активностите на Асоцијацијата за 2012 год.

– Посета во март месец делегација од Македонија на Конгресот во Загреб  со преставници од Катедрата по семејна медицина и ЗЛОМ-СМ.На Конгресот се учествуваше и со труд а преставниците беа и активни учесници и на Округлата маса.Се воспоставија контакти и разменија мислења.Како резултат на тие контакти имавме посета од Проф.д-р Марија Ботица и д-р Венија Церовечки за воденје на заеднички проекти и студии.

– За време на Третиот Конгрес на ЗЛОМ-СМ на Македонија,во Охрид,на 28.04.2012 г.Асоцијацијата го имаше своето Изборно Собрание на кое беа избрани Претседател – Прим.д-р Љубин Шукриев,двајца Потпретседатели – Прим.д-р Мирјана Мојковиќ и д-р Љубомир Киров,скеретар – д-р Мумтаз Мазициогли и благајник – д-р Дарко Илиев.Мора да се нагласи дека баш на тој ден му беше и Роден ден на д-р Љубомир Киров,кој беше пригодно одбелезан со наздравување со шампанско и торта и пригоден поклон од градот Охрид.

– Под покровителство на ЗЛОМ-СМ,се одржа Третиот Конгрес со меѓународно учество на кој беа преставници од 11 земји, членки на Асоцијацијата.

– Не треба да се заборави и соработката на Асоцијацијата преку здруженијата по ОМ/СМ со Катедрите на земјите членки на Асоцијацијата и размена на искуства и мислења на полето на КМЕ и КПР.

– За време на Конгресот на Вонка во Виена престваниците на здруженијата по СМ беа учесници во работата на Советот на Вонка Еуропе а многу наши преставници се вклучени се вклучени и во структурите на Вонка како што се:Еуракт,Егпрн,ЕКв .иП,Еуропрев и др.

– Kako резултат на таа имплементација многу наши членови учествуваа и на Блед курсот од каде потоа ги пренесуваа работилницте меѓу своите колеги т.е.во базата.

– Потоа следуваше Конгресот  во Белград и состанокот на Асоцијацијата во Сава центар на 22.09.2012 г.каде се констутуира Бордот на Асоцијацијата,научниот и Организациониот Одбор како и комисијата за соработка меѓу катедрите а за координатор на истата беше избрана д-р Бисерка Бергман Марковиќ.На истиот состанок д-р Мира Мојковиќ даде план за организацијата на Третата Конференција во Белград 2013 г.претходно прикажувајќи краток филамсо убавините и знаменитостите на Белград.На овој состанок беше и одреден датумот за годишното собрание на Асоцијацијата,јануари 2013 во Скопје.

– На 02.10.2012 во организација на ДНООМ ид д-р Бисерка беше организирано и дружење со Претседателот на Хрватска Проф.д-р Иво ЈосиповиќПреставници од 8 земји на Југоисточна Европаго запознаа Претседателот за состојбата во својата земја и за местото у улогата на СМ.Импресионираше сознанието на Претседателот за СМи неговиот интерес за истата.Се поздравивме со ветување дека во некоја друга прилика повторно ќе бидеме заедно.

– На 03.10.2012 имаше состанок со Продеканот за меѓународна соработка на М.Ф.во Загреб Проф.д-р Јожеф                 со Продеканот.за меѓународна соработка на М.Ф.во Скопје Проф.д-р Даниела Миладинова и преставниците на катедрите по СМ од Загреб и Скопје.Како резултат на таа средба се потпиша Меморандум за меѓусебна соработка меѓу Катедрите на Хрватскиот и Скопскиот М.Ф.и размена на студенти и специјализанти меѓу двата факултета.

– На 02.11.2012 г.Претседтаелот на Асоцијацијата беше гост на Конференцијата VII Дани породичне медицине Републике Српске во Теслич,бања вручица на покана од Претседателот на здружението др.Драшко Купрешак.Се направи состанок со Претседателот на здружението и со членовите на УО.За време на престојот се направија и многубројни контакти со фармацевтските преставништва кои беа информирани за Конференцијата на Асоцијацијата во Април месец во Белград и на кои им беше испратено писмо за учество на истата и за спонорзтво на колеги за помасовно учество на истата.

– На 16.11.2012 г.Претседателот на Асоцијацијата на покана од Претседателот на здружението на општо практикувачките лекари на Бугарија д-р Љубомир Киров беше гост на нивната национална Конференција во Пловдив.Конференцијата беше добро организирана со богата научна програма.Имаше предавачи од Израел и Австрија кои го преставија системот и организацијата на СМ во својата земја.

– На 02.12.2012 г.во Белград имаше состанок со д-р Мирјана Мојковиќ,организатор на Третата Конференција а кој беше фокусирана на припремите и организацијата на Конференцијата во Белград.Од тој состанок е направен записник и истиот е ставен на веб страната на Асоцијацијата.

– На 20.12.2012 Претседателот имаше работен состанок во Сараево со Претседателот на здружението д-р Милан Миоковиќ и членови на УО во врска со одржувањето на Третиот Конгрес на Асоцијацијата во Сараево 2014 г.И од овој состанок има записник ставен на веб страната на Асоцијацијата.Одреден е хотелот,х.Холивуд,на Илиџаа останатите работи треба да бидат одредени до Конференцијата во Белград каде и Конгресот треба да биде најавен.

 

Тежишните задачи на Асоцијацијата во 2013 г.ќе бидат

1.Конференцијата во Белград,х.Метропол,од 11 – 14.04.2013 г.

2.Конгресот во Сараево,2014,х.Холивуд

3.Интензивирање на соработката меѓу катедрите на земјите членки на Асоцијацијата

4.Водење на Студијата Насилство врз лекарите од страна на пациентите

5.Водење на проекти на ниво на Југоисточна Европа

6.Соработка меѓу здруженијата на земјите членки на Асоцијацијата

7.Соработка со Wonca Europe I Wnoca World и со други организации и здруиженија

8.Соработка со институциите на системот(МЗ,ФЗО,Деканат,ЛК,ЛД и др.)

9.Имплементација на членови од здруженијата на земјите членки на Асоцијацијата во сите структури на организациите на на Европска Вонка како и во структурите и комисиите на системот.

 

 

Т.6–  Во однос на активностите на здруженијата за 2013 г.не се доби комплетен извештај од страна на Претседателите на здруженијата.Во однос на тоа прашање Претседателот на Асоцијацијата направи план за активности(за оние информации кои ги имаше).Истиот план ќе биде дополнуван со информации како ќе се добиват.Овој план е во прилог на овој записник и ставен на њеб страната.Треба од Претседателите на Словенија,ФБиХ,Р.Српска,РоманијаЦрзна Гора и Турција да добијам план за нивните активности како и веб страниците на нивните здруженија.

 

Т.7 –   Од стрна на Претседателот и д-р Дарко Илиев,беше презентирана ажурираната веб страна на Асоцијацијата.Истата ќе биде секојдневно надополнувана и корегиранаи се примат сите предлози и сугестии од страна на земјите членки на Асоцијацијата.Сите здруженија преку линкови треба да бидат поврзани со Асоцијацијата.

 

Т.8 –    Во однос на членарината Претседателот ги потсети членовите дека истата ќе треба да почне да се плаќа од 15.01.2013 г.за претходната година према одлуката која беше донесена на годишното собрание 2010 г.Истовремено,нагласи Претседсателот,дека оние кои немат платено за 2012 г.,према евиденцијата на книговодителот,ќе добијата фактура за плаќање на членарината и за таа година.

 

Т.9 –   Д-р Бисерка истакна дека во март месец има состанок на Катедрите од Сплитската иницијатива 2011 г.во Љубљана на кој состанок Претседателот и д-р катарина Ставриќ се поканети како предавачи.Треба да се разговара со д-р Милица Катиќ и со д-р Игор Шваб и да им се предложи да се приклучат кон Асоцијацијата и да како Асоцијација на ЈИЕ соработуват катедрите меѓу себе истакна д-р Бисерка.

Поред тоа секоја земја да ги стави на хартија сите активности на својата Катедра сто ќе ги има во текот на годината и истите да бидата ставени на веб страната на Асоцијацијата.

Исто така,да се направи Табела-структурирана по земјитчленки на Асоцијацијата во однос на специјализацијата по СМ(траење на специјализацијата,курикулумите)

И така пополнета табелата од секоја земја се враќа на Претседателот .Така ќе имаме пресек за сите земји и ќе можеме да си помогнеме сами на себе во однос на некои прашања и да ја развиваме соработката на одредени полиња.

 

Т.10 –    Да се води Студијата “Насилство врз лекарите од страна на пациентите”и истата да се презентира на Конгресот во Сараево.Координатор да биде д-р Ксенија Тушек-Булц од Словенија која ќе ја испрати методологијата  за работа до сите земји кои ќе ја водат студијата.

 

Т.11 –     Во врска со предлогот за проекти др.Снежана предложи да се води Насилие врз докторите.Др.Азијада го спомна како предлог Мобинг во здравството.Тие имаат некое искуство,но беше проблем различната организација на ПЗЗ во секоја земја.Од тие причини тешко е да се направи стандардизиран прашалник.Др.Катарина истакна дека треба да дојдат предлози од шленовите на ЕГПРН каде се предлагаат мали проекти и дека тие се насошени кон тоа.Но,можат да се имплементираат на ниво на земјите членки на Асоцијацијата.

 

Т.12 –  Претседателот даде некои размислувања во врска со:

1.Прослава во врска со 10 г.постоење на Асоцијацијата-доделување на награди и признанија,избор на лекара на годината од ЈИЕ со предлози од секоја земја и др.

2.Пишување на Монографија за десет години постоење на Асоцијацијатаза кое Претседателите треба да сипратат нивна кратка биографија,сликичка како и краток напис за здружението

3.Правбење на легитимации за членството

4.Избор на координатори за НО и ОО

 

ЗАКЛУЧОЦИ:

 

1. До 15.02.2013 да се испратат мислења за заклучоци за Конференцијата во Белград од секоја земја до Претседателот кои потоа ќе бидат унифицирани

2. Заклучоците да се стават на Меморандум на Асоцијацијата и секоја земја да ги испрати до МЗ,ФЗО,МФ,ЛК,ЛД и Катедрите по СМ

3. Секоја земја да понуди решение за популаризација на СМ и на специјализацијата по СМ

4. Сите земји со линкови да се поврзат со веб страната на Асоцијацијата

5. Од презентациите за специјализациите на Округлата маса од сите земји да се направат заклучоци и како став на Асоцијацијата секоја земја членка да ги испрати до МЗ,ФЗОМФ-Катедра по СМ

6. Да се дигне дигнитетот на СМДа се делува на нашите политичари да сите специјализации почнуват со стаж од СМ

7. Презентациите на Конференцијата во Белград да бидат по тематски целини(финансирање,организација,едукација и квалитет на едукација) и после секоја обработена тематика од сите земји да се развие дискусија и донесат заклучоци.Секоја земја да добие по 60 мин.

8. Активно да се запослат студентите,да им се одреди времето и да почнат во пораните години со курикулумите по СМ

9. Да се продолжи со Студијата :”Насилство врз лекарите од страна на пациентите”Координатор д-р Ксенија Тушек-Бунц од Словенија која треба да достави Методологија за работа и да се одреди времето за почеток на Студијата.

10. Мотото за Конгресот во Сараево да биде:”Кои сме,што сме и која ни е иднината”.

11. Секоја земја членка на Асоцијацијат преку линк да се поврзе со Асоцијацијата.

12. Да се одреди,време,дата,термин,котизација,цена за хотелското сместување,теми и дедлајн за Конгресот во Сараево 2014г.до Конференцијата во Белград

13. Да се води Студијата Мобинг во здравството- д-р Сузана Станковиќ

14. Да се направи прашалник “Kои хронични заболувања ги имат лекарите по СМ”и обработените податоци да ги преставиме на Конгресот во Сараево-Д-р Кети Ставриќ

15. Да се прогласат најдобри усни и постер презентации како и најдобар млад доктор

16. Да се размисли за висината на котизацијата на следните Конгреси и Конференции на Асоцијацијата за младите доктори и студентите по медицина.

 

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА А ГП/ФМ СЕЕ

Прим.д-р Љубин Шукриев